2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Јазот меѓу сиромашните и богатите е се поголем

Шпанија: Јазот меѓу сиромашните и богатите е се поголем

siromashtija1

Шпанија во време на економската криза забележа најголемо зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните меѓу членките на Организацијата за економска соработка и развој.

Јазот се продлабочи, најмногу поради големата невработеност, слабата социјална заштита и високата сегментација на пазарот на трудот.

Извештајот на ОЕЦД „Панорама на општеството“ покажува дека во периодот од 2007 до 2010 приходите на 10 проценти од најсиромашните во Шпанија се намалени за 14 проценти годишно, во однос на просекот од 10 проценти на ниво на ОЕЦД и само пет проценти во Италија, Грција, Ирска, Естонија и Мексико.

Додека сиромашните станаа се посиромашни, најбогатите 10 проценти од Шпанците изгубиле само еден процент од приходите годишно, а нивните приходи во 2010 година биле за 13 пати поголеми во однос на приходите на сиромашните, како и 3,6 проценти поголеми во однос на просекот во земјите на ОЕЦД.

Шпанија е осмата меѓу 34 земји на ОЕЦД со највисока нееднаквост, а пред неа се само Чиле, Мексико, Турција, САД, Израел, Португалија и Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП