Екипите на Челзи и на Реал Мадрид по синоќешните реванш осминафинални натпревари изборија пласман во следната фаза од Лигата на шампиони.
Челзи на домашен терен го победи Галатасарај со 2:0 и со вкупни 3:1 го елиминира турскиот тим, откако на првиот дуел беше 1:1.
Головите за „сините“ од Лондон ги постигнаа Самуел Ето (4.минута) и Гери Кејхил (42).
На „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид Реал славеше уште една победа над Шалке 04.
Синоќа беше 3:1 и со вкупни 9:2 го елиминира германскиот тим.
Стрелци за „кралскиот клуб“ беа: Кристијано Роналдо (21 и 74.минута), Алваро Мората (75), а голот за Шалке гопостигна Тим Хогланд (31).
Последните два осминафинални натпревара се играат вечерва: Манчестер Јунајтед – Олимпијакос (0:2 прв натпревар) и Борусија Дортмунд – Зенит (4:2).