19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете популарни на работа?

Како да бидете популарни на работа?

good

Секој сака да биде омилен меѓу колегите на работа – но како да го направите тоа?

Еве неколку совети како да останете во центарот на вниманието:

1. Делувајте како веќе да сте најпопуларната личност, со богат социјален живот

Ако луѓето веруваат дека сте популарни, тие ќе сакаат вие да бидете дел од нивното друштво.

2. Смејте се

Луѓето сакаат да се во друштво со среќни личности.

3. Грижете се за вашиот изглед

Туширајте се секојдневно. Носете формална облека. Одржувајте соодветна фризура. Осигурајте се дека вашето лице и вашите раце се соодветно третирани. Треба да изгледате чисто и да мирисате добро.

4. Одржувајте контакт

Не заборавете да кажете “здраво” на луѓето, без разлика дали се работи за шеф или за обичен рабтник. Овој џентлментски чин ќе ве одржува во контакт со луѓето и ќе ве заштитува од озборување.

5. Бидете учтиви

Не мора да сте агресивни за да покажете дека сте талентирани. Постои позната поговорка дека дрвото полно со овошки секогаш се наведнува надолу.

6. Меморирајте ги луѓето по нивното име

За да одржите добра комуникација со луѓето, меморирајте ги контактите по нивното име.

7. “Занесете се” во разговор

Само започнете раговор за времет или нешто поврзано со дневните случувања со луѓето, во лифт или кафетерија. Сепак, осигурајте се дека не трошите нечие драгоцено време со непотребни разговори.

8. Бидете свои

Никогаш не ги копирајте другите. Секогаш обидете се да бидете тоа што сте.

 

Во продолжение, неколку совети како не треба да се однесувате:

1. Не разговарајте непотребни и бесцелни работи со својот претпоставен или со колегите.

2. Немојте да се опивате на забавите со своите колеги, при тоа да правите глупави и непристојни работи. Тоа нема да ви помогне да станете популарни.

3. Немојте да зборувате лошо за себе пред останатите. Немојте да кажете нешто лошо и несоодветно пред голема група на луѓе.

4. Никогаш не закажувајте љубовен состанок со некој од колегите.

Немојте да проколнувате на работа – звучи бескорисно и неинтелегентно.

5. Правење или зборење на срамни работи, ве прави да игледате непрофесионални.

 

Гоце Михајлоски – Агенција за привремени вработувања Анторис, www.antoris.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП