17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет: Бегајте од биткоинот

Бафет: Бегајте од биткоинот

bafetvorenbitkoin5444

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет повторно предупреди дека биткоинот не е вистинска валута.

Во интервјуто за „CNBC“ Бафет се насочи кој големото внимание кое оваа виртуелна валута во моментот го добива. Неговата порака беше многу јасна: Бегајте од биткоинот!

Меѓу другото, тој фамата околу биткоинот ја нарече илузија, но не поради неодамнешните безбедносни пропусти кои доведоа до кражба и пропаѓање на берзата. Причината за недовербата на Бафет кон биткоинот е фактот дека зад него не стои никаква реална вредност. Тој на виртуелната валута гледа како на средство за плаќање, а не како на валута.

Тој смета дека е смешно што некои веруваат дека биткоинот има посебна вредност.

„Чековите, исто така се средство за плаќање, мислите ли дека и тие вредат многу пари?“, прашува Бафет.

„Нема да бидам изненаден ако за 10-20 години биткоинот повеќе не постои“, изјави 83-годишниот милијардер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП