4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка со нова експозитура во општина Чаир

Охридска банка со нова експозитура во општина Чаир

ohridskabanka454vefe

Охридска банка преку нови експозитура продолжува со експанзија на македонскиот пазар. Денеска ја официјално ја отвори новата лоцирана во скопската општина Чаир.

Новата експозитура ја отворија Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка, г-ѓа Јитка Пантучкова и Претседателот на советот на општина Чаир, г. Захир Бектеши, во присуство на почесни гости, стопанственици и вработени.

– Со отворањето на оваа експозитура денес, горди сме што можеме да кажеме дека го покривме најголемиот дел од пазарот во Скопје, со еднаков пристап во опремувањето на сите експозитури, во согласност со стандардите на Сосиете Женерал во поглед на безбедност. На овој начин сме поблиску до нашите клиенти, осигурувајќи највисоко ниво на квалитет на услугите“ – истакна претседателот на Управниот одбор на Охридска банка Јитка Пантучкова.

Охридска банка како дел од големото семејство на групацијата, активно се вклучува во поддршка на локалните институции во решавање на секојдневните прашања. Својата хуманост и грижа за најранливите слоеви во општеството уште еднаш ја потврди со донација на клима уреди на детската градинка „Фидани“ од Скопје. Исто така, беше доделена монографија од нумизматичката колекција на Охридска банка за библиотеката на средното училиште „Арсениј Јовков“ од Скопје.

Деловната мрежа на Охридска банка брои 29 експозитури, од кои 12 во главниот град, а останатите во другите градови во Република Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП