1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамарас потврди дека е постигнат договор со „тројката“

Самарас потврди дека е постигнат договор со „тројката“

samarasnfhh738tg

Грчката Влада постигна договор „на ниво на персонал“ со своите меѓународни кредитори, соопшти денеска грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на заедничка прес-конференција со премиерот Андонис Самарас, Стурнарас рече дека деталите од договорот со Европската комисија,

Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка ќе бидат објавени подоцна денеска.

Самарас информира дека 500 милиони евра од примарниот суфицит за 2013 година ќе бидат потрошени за поддршка на невработените, бездомниците и луѓето со ниски приходи во Грција, чија бројка во последните шест години од кризата достигна еден милион сиромашни.

Експертите коментираат дека договорот е компромис меѓу „тројката“ и грчката Влада, со оглед на тоа што Самарас првично изјави дека 70 проценти од примарниот суфицит, за кој се проценува дека ќе биде над 1,5 отсто од БДП, ќе бидат наменети за социјални трошоци, во обид да собере што повеќе гласови пред изборите за Европскиот парламент.

Самарас, исто така, изјави дека, според договорот, „нема да бидат потребни дополнителни мерки за штедење“ и оти грчката Влада ги исполнила сите ветувања кои и ги дала на нејзините меѓународни кредитори, вклучувајќи постигнување примарен суфицит една година пред предвиденото и се враќање кон раст по шест години рецесија.

Тој додаде дека во договорот се вклучени структурните реформи кои ќе гио зголемат растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП