1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиХ: За три месеци катанец за 72 фирми

БиХ: За три месеци катанец за 72 фирми

bih1

Во БиХ од 1 јануари престанаа да работат 72 фирми од 219 деловни единици, а угасени се и 403 занаетчиски дуќани.

Како што пренесува агенцијата АП, ситуацијата била уште полоша минатата година кога биле угасени 564 фирми од 1,114 деловни единици, додека 2,716 занаетчии престанале со работа.

Според оценката на економските експерти, причината за оваа општа криза е неповолниот деловен простор и фискализацијата.

Аналитичарот на Трговската комора Дуљко Хашич укажува на се потешката финансиска ситуација во БиХ, што со себе носи и блокирање на сметките, затворање на одделни субјекти и загуба на голем број на работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП