2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабијус: Русија суспендирана од Г-8

Фабијус: Русија суспендирана од Г-8

loranfabius5a4f64a

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус денеска изјави дека лидерите на земјите членки на Групата осум најразвиени економии во светот Г-8, го суспендираат членството на Русија во групата поради тензиите околу Украина и присуството на руски воени сили на Крим.

Останатите седум земји членки на Г-8 веќе претходно ги суспендираа подготовките на самитот на Г-8, што требаше да се одржи во јуни во рускиот град Сочи.

Фабијус во изјава за француското радио „Еуроп 1“ изјави дека во однос на Г-8 е донесена одлука за суспендирање на членството на Русија и дека е предвидено останатите седум земји, да се здружат без Русија.

ЕУ и САД вчера најавија воведување санкции против одреден број руски претставници поради постапките на официјална Москва кон Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП