7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрим во април ќе ја укине гривната

Крим во април ќе ја укине гривната

krimkrimnv80ew4yrf8032

Крим ја усвои руската рубља како официјална валута, а украинската гривна ќе биде укината од април, известува руската новинска агенција РИА.

„За жак, морам да кажам дека паралелното циркулирање на рубљата и гривната нема да биде можно. Ќе се префрлиме на зоната на рубљата“, пренесува РИА, цитирајќи го првиот потпретседател на кримската влада, Рустам Темиргалијев.

Кримската власт претходно соопшти дека гривната ќе остане официјална валута до јануари 2016 година.

Според зборовите на Темиргалијев, рускиот гасен гигант „Газпром“ предложил да започне со развивање на гасен и нафтен сектор на Крим.

„Нормално е дека „Газпром“ е првиот кој пред нас излезе со предлог“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП