29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕИБ подготвена да додели две милијарди евра за инвестиции во Грција

ЕИБ подготвена да додели две милијарди евра за инвестиции во Грција

grcija-eib

– Дајте ни „зрели инвестициски проекти“ и ние ќе ги финансираме, изјави потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Михај Танасеску, кој вчера од Атина ја објави одлуката на банката да додели две милијарди евра за инвестиции во грчката економија, објави весникот „Етнос“.

Танасеску заедно со шефот на грчката Национална електродистрибутивна компанија ДЕИ Артурос Зервос, потпишале договор за одделување кредит од страна на банката за рехабилитација на електродистрибутивната мрежа во земјата.

Кредитот е во износ од 415 милиони евра.

Минатата година ЕИБ и додели на Грција финансирање во износ од 1,4 милијарди евра, од кои 650 милиони евра биле наменети за мали и средни претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП