4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на ДСИ во Кина

Раст на ДСИ во Кина

kinarast1

Директните странски инвестиции (ДСИ) во Кина во првите два месеци од оваа година пораснале за 10,4 проценти на годишно ниво, додека кинеските инвестиции во странство се намалени.

Вкупната вредност на ДСИ во Кина во јануари и февруари изнесуваше 19,31 милијарди долари, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија, од каде додаваат дека странските инвеститори останале приврзани за инвестициите во Кина, пренесува Франс прес.

Од друга страна, кинеските инвестиции во странство во истиот период се намалени на 37,2 проценти на годишно ниво, на 11,54 милијарди долари, при што најголемиот пад на инвестициите е забележан во Хонг Конг и Европската унија.

Најголемиот број на инвестиции во Кина потекнуваат од десет азиски земји, вклучувајќи ги Хонг Конг, Тајван, Јапонија, Тајланд и Сингапур, при што, инвестициите од тие земји пораснале за 11,6 проценти на 16,94 милијарди долари, додека инвестициите од САД во тој период изнесувале 711 милиони долари, што е за 43,3 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Инвестициите од Јужна Кореја пораснале за 224 проценти на 834 милиони долари, а инвестициите од ЕУ се намалени за 13,8 проценти на 1,05 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП