17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт ќе продава обврзници?

Роснефт ќе продава обврзници?

rosneft;fn38yt4

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ размислува да пласира на пазарот обврзници во вредност од 2,4 илјади милијарди рубљи (66,2 милијарди долари) за да го финансира својот огромен долг.

Обврзниците ќе бидат пласирани ако се случи натамошно слабеење на рубљата и наметнувањето на санкции кон Русија поради случувањата на Крим, изјави рускиот „Комерсант“.

Според пишувањето на овој весник, „Роснефт“ започнал да размислува за продажба на голем број на обврзници, поради страв од понатамошно слабеење на рубљата, поради што за „Роснефт“ ќе поскапи отплатата на долгот во долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Целокупниот долг на „Роснефт“ на крајот на 2013 година изнесуваше 52,4 милијарди долари, поради преземањето на „ТНК-БП“ од британскиот нафтен гигант „Бритиш Пертолеум“ и конзорциумот на руските милијардери, поради што компанијата зема 16,8 милијарди долари кредит.

Како што наведува „Комерсант“, „Роснефт“, исто така, земал кредити и од западните банки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП