5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПетте најдобри работни места за оваа година

Петте најдобри работни места за оваа година

computer-programmers

Американските аналитичари составија листа од сто најдобри работни места за оваа година, а на самиот врв се ИТ експертите, но и здравствените работници.

Годишната листа на бизнис секцијата на веб сајтот „US News“ е составена земајќи ја во предвид висината на приходите, безбедноста на работното место и оценката за тоа колку работата влијае на приватниот живот.

1. Програмер – аналитичарите предвидуваат 140.000 нови работни места во софтверските равојни тимови во САД до 2022 година. Ако се занимавате со развој на оперативни системи, база на податоци или развој на видео игри, ова е деценијата за вас.

2. Аналитичар на компјутерски системи – проценките велат дека мажите и жените кои одлично го владеат софтверот и хардверот ќе имаат околу 120.000 нови работни места на располагање.

3. Стоматолог – услугата ја држи цената, а потрошувачката само расте, се проценува дека новите работни места ќе се зголемат за десетици илјади.

4. Медицинска сестра – и покрај приказните за слабата позиција, работата сепак е сигурна, добро платена и секогаш барана.

5. Фармацевт – фармацевтската индустрија покрај ИТ индустријата дефинитивно си ја обезбеди својата иднина. Само во САД се очекуваат околу 41.400 нови работни места за овие лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП