8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на инфлацијата во еврозоната

Пад на инфлацијата во еврозоната

European Central Bank

Притисокот на ЕЦБ за да направи повеќе и да го спречи падот на цените во еврозоната е зголемен по неочекуваното забавување на инфлацијата на најниското ниво од октомври.

Потрошувачките цени во еврозоната минатиот месец пораснаа за 0,7 проценти на годишно ниво, во однос на 0,8 проценти од првичните проценки, колку што изнесуваше стапката и во октомври, кога всушност беше најниската стапка од крајот на 2009 година, наведува Европскиот завод за статистика, пренесува агенцијата АП.

Податоците предизвикуваат загриженост на пазарите, кои стравуваат дека еврозоната тоне во дефлација, која лошо влијае на економијата бидејќи ги охрабрува потрошувачите да го одложат купувањето, очекувајќи цените дополнително да се намалат.

Ниската стапка на инфлација, која е под целното ниво на ЕЦБ од два проценти, доаѓа во време кога еврото е силно на валутните пазари. Силната валута може да доведе до забавување на инфлацијата на два начина, односно така што ќе го поевтини увозот и ќе се одрази на економската активност преку поскапување на извозот на меѓународните пазари.

Заводот наведува дека четири земји од еврозоната очекуваат пад на цените: Грција, Кипар, Португалија и Словачка. Другите, како Шпанија и Ирска, едвај бележат раст, додека инфлацијата во земјите на ЕУ кои се надвор од еврозоната изнесува два или повеќе проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП