3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет најбогати британски семејства вредат повеќе од 20 отсто најсиромашни Британци

Пет најбогати британски семејства вредат повеќе од 20 отсто најсиромашни Британци

london

Најбогатите пет семејства во Велика Британија се побогати од најсиромашните 20 отсто од населението во земјата, полажува најновото истражување на хуманитарата организација „Оксфам“.

Според податоците добиени од анализите на списанието „Форбс“ и на банката „Креди Свис“, овие пет британски семејства, заедно, имаат имот и пари што се проценуваат на 28,2 милијарди фунти, додека вкупниот имот на 12,6 милиони Британци од дното на британското општетство, се смета дека изнесува 28,1 милијарди фунти.

Во истражувањато на „Оксфам“ насловено како „Приказната за двете Британии“ се посочува дека предводник на листата на петте најбогати е семејството Гровенор, на војводата од Вестминстер, со имот и богатство од 7,9 милијарди фунти.

Само богатсвото на војводата и на семејството Гровенор е поголемо од заедничкото богатсвото на 10 отсто од населението на дното на британското општетсво.

Главнината на богатството на семејството потекнува од имотот што тоа го поседува во центарот на Лондон и на кој е изграден и уреден британскиот главен град.

Станува збор за скапиот и елитен кварт Белгревија и на просторот околу кралската Бакингамска Палата.

Другите четири семејства се Дејвид и Сајмон Рубен (6,9 милијарди), па браќата Хиндуџа (6 милијарди), семејството Кадоган, кое поседува делови од земјиштето во скапите квартови Челзи и Најтсбриџ (4 милијарди), како и бизнисменот Мајк Ешли (3,3 милијарди), сопственик на трговскиот синџир за облека „Спортс Дајрект“ и на фудбалскиот клуб „Њукасл“.

„Оксфам“ предупредува дека раширената нееднаквост создава круг во кој богатството и моќта се повеќе се концентрира во рацете на неколкумина, оставајќи ги другите далеку зад себе.

Во извешатојот на организацијата уште се посочува и на натамопниот раст на „даночниот јаз“ затоа што околу 5,2 милијарди фунти од најбогатите, годишно не се оданочуваат затоа што парите се сместени по разни „рајски локации“ низ светот, за да се избегне плаќање на данокот, наспроти просекот од 200 фунти годишно, што годишно не ги плаќа секое британско семејство.

Во јануари годинава, „Оксфам“ објави дека 85 милијардери во светот финански „тежат“ колку и 3.5 милијарди луѓе на планетата, или колку половината од светското население.

– Кога станува збор за Велика Британија, ситуацијата станува се полоша, затоа што на една страна се екстремно богатите, кои претставуваат само шака луѓе, а имаат повеќе отколку милиони други, кои едвај врзуваат крај, со крајот, изјави Бен Филипс, раководител на истражувањето на „Оксфам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП