Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак денеска ќе се сретнат со високи претставници на германската компанија „Дрекслмајер“.

Делегацијата на „Дрекслмајер“ е во работна посета на компанијата во Република Македонија, а средбата ќе се одржи во нејзините простории, во индустриска зона „Телот“ во Кавадарци.