25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардерот Фридман го купува нафтениот бизнис на RWE

Милијардерот Фридман го купува нафтениот бизнис на RWE

rwe dea

Германскиот енергетски концерн „RWE“ во неделата објави дека принципиелно ја договорил продажбата на својот нафтен и гасен бизнис. Купувач е компанијата „L1 Energy“, дел од холдингот „Алфа груп“, сопственост на рускиот олигарх Михаил Фридман. Цената на оваа трансакција се очекува да биде 5.1 милијарди евра.

Во рамките на продажбата, која сеуште е во фаза дискусија, цената на самата „RWE Dea“ е 4.5 милијарди евра, а купувачот ќе преземе и долгови од 600 милиони евра.

Од „RWE“ сметат дека конечниот договор за продажбата на „RWE Dea“ ќе биде објавен во најскоро време, затоа што оваа трансакција мора да биде одобрена од советот на директори на „RWE“ и од регулаторните органи.

Компанијата „RWE“, која во последниве години се соочи со намалување на профитот, пред една година најави дека има намера да го продаде делот „Dea“, за да ја намали задолженоста и да ја подобри капитализацијата.

Интерес за гасниот и нафтениот бизнис на „RWE“ изрази и компанијата „Wintershall AG“, подружница на концернот „BASF“, како и конзорциумот на американската инвестициска компанија „Kohlberg Kravis Roberts & Co“ со кувајтскиот државен фонд „Kuwait Petroleum Corp“.

Обемот на производството на „Dea“ во 2012-та година стигна 31 милиони барели нафтен еквивалент ( 84 илјади барели дневно или речиси 4,5 милиони тони).

„RWE Dea“ има сондажи во Германија, Велика Британија, Норвешка, Египет и Данска. Студиите се изведуваат во Алжир, Ирска, Либија, Мавританија, Полска, Тринидад и Тобаго и Туркменистан. Компанијата управува со гасификацијата во Германија, а во неа се вработени 1.300 лица.

Инаку, „L1 Energy“ ( LetterOne Energy ) е нафтена и гасна поделба на инвестициска компанија „LetterOne“, создадена од сопствениците на „Алфа груп“ по продажбата на „ТНК – BP“. Предвидено е „LetterOne“ да инвестира во нафтената и гасната индустрија и во телекомуникацискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП