4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota ќе ги зголемува платите на своите работници

Toyota ќе ги зголемува платите на своите работници

toyota-о000

Јапонскиот производител на автомобили бележи рекордна продажба во светот, па поради тоа раководството на компанијата одлучи да ги награди своите работници со зголемување на платата, прв пат уште од 2008-та.

„Toyota“ очигледно во оваа година ќе забележи рекорден профит, па поради тоа првите луѓе одлучија на своите работници во Јапонија да им дадат покачување. Како дел од планот е и зголемување на бонусот за тековната година што ќе значи вкупно 2.9 проценти поголема годишна заработка за секој работник на „Toyotа“.

Јапонските работници во просек секој месец ќе заработуваат по 2.700 јени, што е околу 18 евра повеќе од минатата година, што претставува зголемување за 0.8 проценти. Исто така се говори за зголемување на бонусот за околу 50 евра.

Причината за ова зголемување на платата е фактот дека „Toyota“ во оваа фискална година ќе заработи околу 15 милијарди евра профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП