20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфинити солушн на европскиот пазар со странска експертска помош преку владиниот проект

Инфинити солушн на европскиот пазар со странска експертска помош преку владиниот проект

infinitind32789ryh9382yr

Инфинити солушн е една од 105-те македонски компании која доби бесплатна експертска странска помош преку владиниот проект. Ќе добие помош како да го освои европскиот пазар и да работи на проекти во земјите како Германија. Експертот од Германија веќе ја посети компанијата и ги доби првите информации. Посочува дека македонските компании се отворени и добри за соработка.

– Досега работевме на пазарите на Велика Британија и САД. Сега работиме на проект во Холандија и полека се спуштаме надолу во Европа, каде се применуваат поинакви приниципи на работа. Затоа сметаме дека помошта од експертот од Германија ќе ни биде од корист и ќе успееме да влеземе на германскиот пазар и преку неговото искуство и преку неговите контакти, рече извршниот директор на Инфинити солушн Слаѓан Михајловски.

Тој информира дека компанијата се занимава со развој на софтвер, 80 проценти од приходот го остварува од извоз и оти почувствувале потреба од маркетинг и за други надворешни пазари за да може да се организираат за настап на нив.

Помош побарале во четири области, менаџмент, човечки ресурси, маркетинг и е- маркетинг. Михајловски додаде дека особено ќе го користат искуството на експертот што го има во делот на развојот на софтвер и човечки ресурси.

Им препорачува на сите македонски компании да ги искористат поволностите на владиниот проект и да добијат странска експертска помош без никаков надомест.

Со Инфинити солушн ќе работи Јохан Дитрих, пензиониран експерт кој работи на доброволна основа во германската организација СЕС.

– Подготвени сме да го понудиме нашето знаење и искуство што сме го стекнале во текот на нашите кариери на полето на бизнисот на други компании на глобално ниво. Досега сме биле ангажирани во Кина, Колумбија, Романија, Германија. Работиме на хонорарна основа и СЕС не ангажира за одредена задача. СЕС е со седиште во Бон, примарно спонзорирана од германската индустрија и не има околу 1.000 волонтери што сме подготвени да нудиме совети и други потреби, истакна Дитрих додавајќи дека два и пол работни дена веќе е во компанијата, ја скенирале и се надева дека добрата соработка ќе продолжи и во наредните денови.

Првите експерти обезбедени преку владиниот проект веќе пристигнаа во Македонија. Неколку ги посетија компаниите каде ќе ја понудат својата помош, а до крајот на април се очекуваат нови 15-тина. Проектот на Владата беше распишан минатата година, а конкретната реализација почна во текот на минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП