23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо словенечка помош ќе се подобрува туристичката понуда во Македонија

Со словенечка помош ќе се подобрува туристичката понуда во Македонија

Ohrid-profil-2

Министерството за економија ќе ангажира еминентни странски експерти кои ќе одржат обуки за македонските туристички работници со цел да се подобри туристичката понуда во земјава.

Тоа ќе го овозможи двегодишниот проект „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичка индустрија во Македонија“ што ќе се спроведува преку Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО).

– Целиот проект чини 220.000 евра, средства обезбедени од донација од словенечката влада, кои ќе ги менаџира УНИДО организацијата, заради законските можности и прописи кои се обврзувачки за Република Словенија. Тие ќе се искористат за обуки на нашите туристички работници, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини на паузата на денешната работилница во Скопје на која беше претставен преокетот.

Тој посочи дека Министерството за економија лани подготви Стратегија за развој и промоција на туризмот со конкретен акциски план во кој има обврски и задачи на централната и на локалната власт.

– Генерално сме задоволни од постигнатото во делот на туризмот. Очекуваме целокупната туристичка понуда во земјава секојдневно да се подобрува, а тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи. Цел ни е во наредните три до четири години да стигнеме до бројка од еден милион туристи годишно, а во наредните 10 години приходите од туризмот да достигнат до пет проценти од БДП, нагласи Сарачини.

Прецизира дека Владата со нови мерки се повеќе го поддржува туризмот, како што се субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании и зголемување на сиубвенциите за странски туристи.

– Субвенциите за организираниот странски туристички промет лани беа 75 милони денари, а годинава ќе изнесуваат 155 милиони, рече Сарачини.

Лела Крстевска претседателката на Стопанската комора за туризам на Република Македонија рече дека проектот е директен производ на Комитетот за туризам на кој се дискутириаат политиките и стратегиите за развој на туризмот.

– Со овој проект ќе дојде до подобрување на практитките за туристичко работење во сите сегменти на туристичката дејност. Проектот цели кон кластеризација на индустријата, односно здружување на туристичките субјекти во едно тело кое директно ќе помогне да се подобрат знаењата и искуствата потребни за зголемување на бројот на странските и домашни туристи, а пред се за зголемување на квалитетот на туристичката понуда, рече Крстевска.

Таа посочи дека македонските туристички работници се трудат гостите кои доаѓаат во земјава како сезонски повеќекратно да ја посетуваат Македонија.

– Како бизнис сектор очекуваме понудата да се прошири во областа на спа и велнес туризмот, како и здравствениот, руралниот, рекреативниот и алтернативниот туризам, истакна Крстевска.

Аднан Шериќ, прокет менаџерот на УНИДО, агенцијата надлежна за развивање на индустријата на туризмот со седиште во Виена, посочи дека фокусот на проектот ќе биде развивање на кластерскиот туризам во охридскиот и тиквешкиот регион.

– Цлета на обуките и тренинзите ќе биде да се развијат техниките и вештините на регионално и централно ниво на чинителите во областа на туризмот за да се зајакнат врските помеѓу целните кластери и да се подобри пристапот до туристичките пазари не само во регионот, туку и пошироко, рече Шериќ.

Истакна дека УНИДО ќе работи со релевантните институции за да се зајакне нивниот капацитет и да се подобри нивната пракса и знаење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП