19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува едукацијата на угостителите за ХАСАП

Продолжува едукацијата на угостителите за ХАСАП

hasapjnbiu3yr89

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска одржаa средба со сопствениците на угостителските објекти во Штип, со цел да се приближат  ХАСАП стандардите и предусловните програми.

Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека во земјава треба да се реализираат 24 вакви средби со цел да се објаснат одредени нејаснотии околу примената на ХАСАП стандардите во угостителските објекти.

– Со имплементација на ХАСАП стартувавме уште од 2009.та година па наваму.Сепак се чувствува потреба на терен да се продололжи со едукацијата. Досега можам да кажам дека сите оператори со храна имаат започнато со имплементирање на предусловните програми, односно добра хигиенска и добра производна пракса. Можам да спомнам дека во делот на имплементацијата на ХАСАП принципите дека Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на контролите кои што се прават од страна на нашите инспекциски служби од она што е започнато задоволува, вели Колариќ.

Таа додава дека угостителилите досега најмногу забележуваат во делот на потребната документација, која е потребна за имплементирање на ХАСАП стандардите. Досега се реализирани пет вакви средби во земјава, по што Агенцијата за храна и ветеринрство ќе ги посети и останатите општини во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП