2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајбогатите жени ја откриваат тајната за нивниот успех

Најбогатите жени ја откриваат тајната за нивниот успех

Sochi Olympics Opening Ceremony

Славата и вртоглавиот успех се резервирани само за исклучителни лица. А некои од најдобро платените и најуспешни жени во светот ја откриваат нивната тајна за тоа….

Поради што е ценета извршната директорка Индра Нуи, која била целта на Марија Шарапова и што мисли Бијонсе…

Секогаш биди верна на себе си и на она што си

Ова го мисли Индра Нуи, извршната директорка на „Pepsi“, таа е родена во Индија и е најдобро платената извршна директорка во светот (CEO). Оваа успешна жена сеуште доаѓа на состаноците во Сари, која со задоволство го облекува и за корпоративните настани.

Твоето име е твојот бренд, чувај го внимателно

Со оваа изрека се води Рејчел Реј, најдобро платената шефица која своето име го става само на она што таа сама го дизајнира.

Не ја трошете енергијата на оние кои не ве сакаат

„Не очекувам секој да го сака она што го работам“, изјави Бијонсе.

Бидете сигурни дека вашиот сопруг целосно ве поддржува

Доколку доцните и дојдете дома по напорниот работен ден и се извините што доцните, а вашиот сопруг ги превртува очите, побарајте некој друг, вели Шели Крачек од Волстрит.

Позиционирајте се таму каде што сакате да бидете

„Кога тренирав и размислував за тенисот, никогаш не кажав ниту помислив дека сакам да бидам некоја друга. Секогаш кажував дека сакам да бидам истата, но сепак најдобра“ изјави Марија Шарапова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП