26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБФ: ЕЦБ премногу бара од банките

ЕБФ: ЕЦБ премногу бара од банките

ecbnew1

Банките од еврозоната ја повикаа Европската централна банка да го намали обемот на информации кои банките мора да и ги достават во рамките на прегледот на нивната состојба.

Имено, банките од еврозоната наведоа дека овие барања се преголеми.

Извршниот директор на Европската банкарска федерација (ЕБФ) Гвидо Равоет писмено и се обрати на ЕЦБ, барајќи од неа да го разгледа поедноставувањето на обрасците за проценка на квалитетот на средствата, наведувајќи дека дел од бараните податоци е бескорисен, пренесува агенцијата Блумберг.

„Постои загриженост околу премногу деталните прашалници и рокови кои делуваат неостварливо“, изјави директорот на ЕБФ.

ЕЦБ започна сеопфатна контрола над најголемите банки во еврозоната, во пресрет на преземањето на надзорот над банките во монетарниот блок во ноември.

Контролата вклучува проверка на адекватноста на капиталот во банките. ЕЦБ, наведе дека, во случај некои банки да не ги обезбедат бараните податоци, таа ќе изврши конзервативна проценка на капиталот, која може да вклучува и барања да се зголемат резервите за заштита од лоши кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП