Рускиот заменик-министер за економија, Сергеј Белјаков, денес изјави дека руската економија е во криза.
Говорејќи на локалната деловна конференција, Белјаков изјави дека се присутни „јасни знаци“ за кризата на руската економија, пренесува Ројтерс.
Според оценките на аналитичарите, руската економија трпи последици од постојаниот пад на вредноста на рубљата, како и кризата во односите со Западот поради Украина.
Инаку, денес во Брисел се разговара за воведувањето на санкции за Русија, што доколку се воведат, ќе биде дополнителен удар за руската економија, која во голема мера зависи од извозот на гас за европските партнери.
Централната банка на Русија, која во февруари ја намали прогнозата за бруто домашниот производ (БДП), проценува дека економијата на Русија оваа година ќе оствари раст од околу 1,5 до 1,8 проценти.