9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone го купува шпанскиот кабелски оператор Ono

Vodafone го купува шпанскиот кабелски оператор Ono

vodafone_ono

„Vodafone“ постигна договор за купување на шпанскиот кабелски оператор „Ono“ во зделка која ќе го оцени вториот најголем шпански провајдер на широкопојасен интернет, кабелска телевизија и фиксни телефонски услуги на 7.2 милијарди евра (околу 10 милијарди долари) со вклучени обврски.

Со овој договор се очекува компанијата „Vodafone“ да го засили својот мобилен бизнис во Шпанија со фиксни телефонски услуги и кабелска телевизија. Ова ќе и овозможи на компанијата да ги намали нејзините трошоци за разговорите во земјата.

Ова е второ големо купување на „Vodafone“ во последните шест месеци. Во септември компанијата постигна договор за стекнување на контролен пакет во германскиот кабелски оператор „Kabel Deutschland“.

Британската групација доби пристап до финансиската документација на „Ono“ претходно во овој месец.

Сопствениците на „Ono“ добија контролен удел во компанијата во ноември 2005-та година како дел од договорот за финансирање во вредност од 4,5 милијарди евра, кој вклучуваше зголемување на капиталот за 1 милијарда евра и должнички пакет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП