18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден лек против надуеност

Природен лек против надуеност

priroden sokanasonananas645464ewe

Ако често чувствувате надуеност и страдате од проблеми кои предизвикуваат надуеност во стомакот, еве еден едноставен, но многу ефикасен рецепт кој ќе го реши вашиот проблем.

За подготовка на овој напиток потребна ви е една половина од мал ананас, 2 дршки анасон, 2 стебленца целер со листови, едно парче ѓумбир околу 2-3 см.

Подготовка:

Сите состојќи ставете ги во блендер и испасирајте ги, додадете малку вода по потреба. Подготвениот напиток пијте го секојдневно на празен стомак се додека надуеноста не исчезне, односно толкав период колку што ви е потребен за да се решите од овој проблем.

Ананасот содржи ензими кои помагаат при варењето. Целерот спречува задржување на вода и гасови. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обновувањето на цревната флора. А сите заедно во комбинација може да го решат вашиот проблем со надуеноста, но и проблемот со дигестивниот тракт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП