3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го зголемува производството на 308

Peugeot го зголемува производството на 308

Pure-Qualite-Peugeot-Nouvelle-308

„Peugeot“ најави дека ќе ги прошири своите производни капацитети за да одговори на големиот интерес на клиентите за моделот „308“. Веста за зголемувањето на производството пристигнува откако „Peugeot 308“ во Женева беше прогласен за автомобил на годината во Европа.

Во француската компанија велат дека од октомври 2013-та година добиле 60.000 нарачки за „Peugeot 308“. Поради зголемениот интерес на купувачите, „Peugeot“ од почетокот на јуни ќе воведе ноќна смена во својата фабрика во Сошо и ќе вработи уште 600 работници кои ќе бидат ангажирани за изработка на моделот „308“.

Покрај стандардната „308“ во таа фабрика ќе се произведува и караван верзијата која имаше премиера на саемот во Женева. Во Сошо веќе се изработуваат моделите „508“, „3008“, како и „Citroen DS5“.

Фабриката моментално вработува околу 10.800 работници. Со зголемувањето на овој број, дневното производство на моделот „308/308 SW“ ќе порасне за 180 единици или на 1.563 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП