Германската реосигурителна компанија „Allianz“ најави купување на оддел од италијанската осигурителна компанија „UnipolSai“ за осигурување на имот и несреќни случаи.
Како што се наведува во соопштението на „Allianz“ овој оддел од „UnipolSai“ ќе биде преземен за сума од 440 милиони евра, а тој сектор на италијанската компанија минатата година оствари добивка од 1,1 милијарди евра и има 500 вработени кои овозможуваат услуги за 1,5 милиони клиенти во Италија, пренесува агенцијата АП.
Овој договор, според зборовите на член на Управниот одбор на „Allianz“, Оливера Баете, ќе и овозможи на компанијата да го зголеми уделот на пазарот, но за целосно затворање на трансакцијата, ќе биде потребно регулаторно одобрение.