10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Странските инвестиции овозможија напредок во економијата

Груевски: Странските инвестиции овозможија напредок во економијата

vladaotcer

Реформите и политиката на Владата за промовирање на Македонија како поволна бизнис дестинација резултираа со конкретни инвестиции кои овозможија напредок во економијата, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер
Никола Груевски во отчетот за реализираните проекти на Владата и коалицијата во периодот од 2011-2014 година.

Странските директни инвестиции, посочи, во периодот до 2013 изнесуваат 1.871 милиони евра. Извозот првпат надмина 3 милијарди евра и во 2013 изнесуваше 3.206 милиони евра.

– Околу 25 проценти од извозот се создава во новите капацитети кои се изградија во ТИРЗ и во индустриските зони, рече Груевски.

Тој ги наброја гринфилд-инвестициите во периодот 2011-2013, на „Џонсон контролс“, „Џонсон мети“, „Кемет електроникс“, „Кромберг и Шуберт“, „Дрекселмаер“, „Ван Хол“, „Текнохозе“, „Продис“ , „Гришко“, „Амфенол.

– И уште многу други инвестиции кои започнаа со работа или се во фаза на реализација. Истовремено економските тимови на владата се во активни прегови со уште многу други компании за чии одлуки за инвестирање оставаме тие да
ја известат јавноста, рече Груевски.

Според него, во изминатиот период е обезбедена е и поддршка на македонските компании.

Со обезбедување нови 250 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5 проценти, е помогнато на 1.009 македонски претпријатија.

– Ја подобривме ликвидноста на приватниот сектор со целосна исплата на заостанатите обврски. Како што ветивме, кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 исплатени се сите обврски на буџетот кон приватниот сектор во износ од 92 милиони евра и целосно е нормализирана состојбата предизвикана од кризата, рече Груевски.

Тој укажа дека Македонија остана земја со најниски даноци во Европа. За разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети, посочи Груевски.

Според него, Македонија има најдобра бизнис-клима во Југоисточна Европа рангирана пред 19 земји-членки на ЕУ.

Според извештајот на Светската банка Дуинг бизнис 2014, Македонија по четврти пат се најде меѓу топ 10 земји најголеми реформатори во светот.

Со тоа, Македонија е рангирана на високото 25. место во конкуренција на 189 земји во светот, што е подобрување од 69 места во однос на 2006 кога бевме на 94 позиција, наведе премиерот.

Потсети и на рангирањето на Македонија на 43. место од вкупно 183 земји според Индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ за 2014 година, каде во споредба со 2006 година остварен е напредок од 35 места.

Со државен долг од 34,6 проценти од БДП, наведе Груевски, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. – Иако многу пати слушам критики дека сме се задолжувале, дека еве само што не сме пропаднале, и што уште не, но бројките и фактите потврдени од реномирани финансиси институции покажуваат сосема друго.

Со одржување умерен буџетски дефицит и внимателно земање на кредити за приоритетните инфраструктурни проекти,
успеавме Македонија да остане земја со умерено и со одржливо ниво на долг, што е значајно за перцепцијата на инвеститорите, но и за идните генерации, рече премиерот Груевски.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП