28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Крива Паланка почна проектот „Млади креатори на маркетинг политика“

Во Крива Паланка почна проектот „Млади креатори на маркетинг политика“

krivapalanka111

Во Крива Паланка денеска почна реализацијата на меѓународниот проект „Млади креатори на маркетинг политика“.

Целта на проектот е продлабочување на маркетинг знаењата преку подобро претставување и информирање за директно поврзување на економиите од 15-те држави учеснички, Албанија, Бугарија, Италија, Косово, Литванија, Полска, Романија, Руската Федерација, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Македонија.

Како што информираа организаторите, „Млади креатори на маркетинг политика“ е голем предизвик за пронаоѓање на вистинскиот економски колосек за т.н. хомо балканикс, кодиран со пазарниот модел на живеење и фокусиран на иднината.

Во проектот што ќе трае до 23 март годинава, учествуваат 40 млади маркетинг лидери, а организатор е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје, со поддршка од Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП