23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Белгијците не одат на работа?

Зошто Белгијците не одат на работа?

belgija

Стапката на отсуство од работа во Белгија минатата година достигнала нов рекорд од 6,26 проценти, соопшти белгискиот секретаријат за социјално осигурување „Securex“.

Во 2012 година таа стапка не надминуваше 5,92 проценти.

Минатогодишниот рекорден број на отсуства од работа е последица пред се од боледувањата, пренесува весникот „Soar“.

Претпријатијата и Социјалното осигурување на Белгија за исплата на боледувањата на вработените, минатата година одвоиле 10,6 милијарди евра, за што сериозно треба да се размисли во иднина бидејќи ја оштетува економијата.

Најмногу отсуства се забележани во секторите каде се извршуваат потешки физички работи како што се градежните фирми, фирмите за чистење и уредување, градската чистота, но и во текстилната и хемиската индустрија како и во фирмите кои се занимаваат со нега на болни и постари лица.

Стареењето на населението и стресот на работа се најважните причини за отсуство од работата, се наведува во соопштението на „Securex“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП