25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHitachi обвинет дека му испорачал неисправни батерии на Samsung

Hitachi обвинет дека му испорачал неисправни батерии на Samsung

hitachimaxellhbuyg67ed

Јапонската компанија „Hitachi Maxell“, еден од најголемите производители на батерии во светот, е обвинет дека на „Samsung“ му испорачал неисправни литиумски батериски ќелии за смртфоните.

Ќелиите и се доставуваат на јужнокорејската компанија „Elentec“ која за „Samsung“ изработува готови батерии. Притоа „Hitachi Maxell“ доставува околу 90 проценти од ќелиите, додека остатокот го доставува „Samsung SDI“.

„Elentec“ призна дека има одредени проблеми во производството, кои се однесуваат на ќелиите произведени во текот на 2012. Проблемот во меѓувреме бил успешно поправен.

Компанијата „Hitachi Maxell“ во моментов е деветиот најголем производител во светот на литиумски батерии со мала и средна големина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП