2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет го помина Слим

Бафет го помина Слим

worenbafetcarlosslimfn3igf79gf

Американскиот милијардер Ворен Бафет го помина Карлос Слим и стана вториот најбогат човек во светот, пренесува новинската агенција „Blumberg“.

Според индексот на милијардери на „Blumberg“, нето богатството на 83-годишниот деректор на „Berkshire Hathaway“ сега се проценува на 63,4 милијарди долари, што е за 4,3 проценти повеќе во однос на почетокот на оваа година.

Компанијата „Berkshire“ на 1-ви март објави дека нејзиниот годишен профит пораснал на рекордни 19,5 милијарди долари, благодарение на добрата работа на железничката компанија „Burlington Nordern Santa Fe“, која Бафет ја купи во 2010 година.

Богатството на Слим (74) од почетокот на оваа година падна за 10.9 милијарди долари, бидејќи акциите на неговите мексикански телекомуникациски компании „America Mobil“ се намалиле за 14 проценти, па сега богатството му се проценува на 62,9 милијарди долари.

Минатата година Карлос Слим беше симнат од позицијата најбогат човек на светот од страна на Бил Гејтс, бидејќи мексиканските законодавачи тогаш започнаа да го напаѓаат недостатокот на конкуренција на телекомуникацискиот пазар.

Според индексот на „Blumberg“, нето богатството на Бил Гејтс (58) изнесува 77,7 милијарди долари.

Амансио Ортега, 77-годишниот основач на модната куќа „Inditex“ е четвртиот најбогат човек на светот, со богатство од 60,3 милијарди долари. На листата на „Blumberg“ се наоѓаат 300 милијардери чие целокупно богатство се проценува на 3.600 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП