18 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕСо сок од брусница против инфекции

Со сок од брусница против инфекции

brusnicaaaag67r74d

Консумирањето на сок од брусница навистина помага при инфекција на мочниот меур, а екстрактот од ова овошје би можел да помогне во одржување на медицинските инструменти чисти од бактерии, покажуваат истражувањата.

Консумирањето на брусница е поврзано со превенција од инфекција на уринарниот тракт, но некои стручњаци тоа го нарекувале потполно неоснован мит.

Некои студии укажувале на тоа дека брусницата делува така што ги спречува бактериите да се лепат за ѕидот на уринарниот тракт.

Сега е откриено дека правот од брусница го запира движењето и размножувањето на „Proteus mirabilis“ бактерии, често поврзани со комплицирани инфекции на мочниот меур. Овие резултати произлегле благодарение на поранешните истражувања на истиот тим за тоа како брусницата го спречува движењето на бактериите вклучени во инфекција на  патиштата за мокрење.

Движењето на бактериите е клучен механизам во ширењето на инфекциите.

– Додека ефектите на брусницата во живите организми уште не се доволно истражени, нашите откритија се движат во правец кој ја нагласува улогата на консумирање на брусницата во превенција на хроничните инфекции – изјави професорката Натали Туфенки од Универзитетот во Монтреал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП