3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIATA ја намали прогнозата за профитот

IATA ја намали прогнозата за профитот

iata48464654szohufueuwyheifhdsknv

Меѓународното здружение на авиопревозници „IATA“ денес ја намали прогнозата за профитот во 2014 година, поради поскапувањето на цените на горивото, предупредувајќи и на неизвесноста која ја создаваат финансиската политика во Венецуела, напнатоста околу Украина и исчезнатиот малезиски авион.

Во оваа година „IATA“ очекува вкупна добивка на авиокомпаниите во висина од 18,7 милијарди долари, во однос на рекордните 19,7 милијарди кои беа предвидени во декември.

Како причина, шефот на „IATA“ Тони Тајлер ги наведe зголемените цени на горивото, кои се повисоки од претходно предвидените. Сепак, и новата проценка е над досегашниот рекорд од 17,3 милијарди долари остварени во 2010 година.

Тајлер напомена дека и финансиската политика во Венецуела претставува голем предизвик, а како дополнителни фактори за неизвесноста ги наведе и немирите и нестабилноста во Украина поради кои расте цената на нафтата и исчезнувањето на малезискиот авион во Југоисточна Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП