24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФондот за иновации ќе поврзува субјекти со меѓународни организации за финансирање проекти

Фондот за иновации ќе поврзува субјекти со меѓународни организации за финансирање проекти

gruevskicndhw8yr39tgewng

Фондот за иновации и технолошки развој ќе подготви програма за обезбедувaње советодавна и логистичка помош за поврзување на заинтересираните субјекти со меѓународните организации кои финансираат ваков вид проекти, по што ќе се разгледува на владина седница.

Ова е констатирано на вчерашната седница на Фондот, со која претседаваше премиерот Никола Груевски, а на која беше ставен посебен акцент за искористување на меѓународни извори на средства во врска со финансирање проекти од областа на иновациите и претприемништвото, и тоа од страна на институциите, но и на приватниот сектор во државата.

Комитетот го разгледуваше и напредокот на реализацијата на Стратегијата за иновации, при што беше заклучено дека таа досега се реализира согласно предвидениот план и динамика.

Беше разгледуван и нацрт правилникот за работа на Фондот, при што беше заклучено тој да се финализира по добивањето мислење за неговата структура од страна на меѓународните финансиски институции со кои соработува нашата држава и по коментарите на меѓународните експерти од областа на иновациите со кои се развива оваа институција.

Анализирани се и можностите за поддршка на македонските компании и иноваторите преку предвидените инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој наменети за зајакнување на иновацискиот потенцијал, бројот на иновации, успешноста и реализацијата на тие иновации и подобрување на претприемништвото.

Не седницата се разгледуваше и компаративната анализа од европските земји за модалитетите за унапредување на соработката и партнерствата меѓу универзитетите и фирмите. Беа истакнати неколку препораки и предлози за креирање форми на соработка кои треба да бидат разгледувани од страна на Владата.

На седницата присуствуваа и претставници на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија и Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија кои ја претставија работата на овие организации и ги презентираа своите идни планови и проекти.

Исто така, во рамките на седницата д-р Лилјана Симјановска, ембриолог во болница и иноватор во Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, пред членовите на Комитетот го презентираше својот успех, кој го постигна за време на четвртото биенале на Меѓународната европска мрежа на жени пронаоѓачи и иноватори (EUWIIN), кога освои специјална награда за иновацијата Инкубатор со уред за директно контролирано јонизирање на воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП