29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки пад на инфлацијата во Индија

Изненадувачки пад на инфлацијата во Индија

padinflacijandc3pu9gy4

Инфлацијата во Индија во февруари се намали на деветмесечен минимум, покажаа официјалните податоци во Њу Делхи.

Тој податок е мало олеснување за индиската влада пред изборите кои се закажани за идниот месец.

Индексот на големопродажните цени во Индија е намален во февруари на 4,68 проценти на годишно ниво, во однос на 5,05 проценти од јануари, додека аналитичарите очекуваа помал пад на 4,9 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Индиската влада, која се надева на трет мандат, очајнички се обидува да го запре растот на инфлацијата и да ја оживее економијата. Третата по големина азиска економија ја потресува тоа што економистите го нарекуваат „стагфлација“, односно остар раст на цените со забавување на економскиот раст. Бруто домашниот производ минатата година порасна за 4,5 проценти, што е најбавно темпо во последната деценија.

Претходно оваа недела, официјалните податоци покажаа дека индексот на малопродажните цени, кој мери помал број на производи, во февруари падна на 25-месечен минимум од 8,1 проценти, но и понатаму е двојно поголем од долгорочната цел на централната банка од четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП