24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje: 25 милиони евра загуба во 2013 година

Gorenje: 25 милиони евра загуба во 2013 година

gorenjemcehbg832tg79fw;

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Gorenje“ во минатата година остварил приходи од 1,24 милијарди евра, што е за 1,8 проценти помалку отколку претходната година, и забележал загуба од 25 милиони евра, според неревидираниот извештај за 2013 година, кој „Gorenje“ го објави во четвртокот на интернет страницата на Љубљанска берза.

Лошите приходи се последица од продажбата на компанијата за производство на кујнски мебел во минатата година, но и скромниот опсег на работење на компанијата во областа на инвестициите, а на намалувањето влијаеле и негативните разлики на пазарите на кои „Gorenje“ ги продава своите производи, соопштија од „Gorenje“.

За оваа година работниот план на компанијата предвидува раст на приходите од 3,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП