1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески: Изградбата на делницата Велес-Скопје ќе почне летово

Јанакиески: Изградбата на делницата Велес-Скопје ќе почне летово

mile-janakieski

Градежните работи за обнова на делницата Велес-Скопје ќе почнат кон средината на годинава, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

– За реконструкција на делницата Велес-Скопје во финална фаза е изборот на градежна компанија и надзор. Очекуваме кон средината на оваа година да почнат градежните активности, изјави минситерот одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на реконструкцијата на мостот кај Велес.

Се планира обнова на 23,5 километри од автопатската делница Велес-Катланово, а проценетата вредност на градежните работи е околу 8 милиони евра.

На јавниот повик беа пријавени три компании, а извештајот од извршената евалуација е испратен до Делегацијата на ЕУ. Беше обновен и автопатот на правецот Катланово-Велес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП