ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на стапката на инфлација во Германија

Пад на стапката на инфлација во Германија

germanijanu3hgr7gf

Стапката на инфлација во Германија, најголемата европска економија, во февруари е намалена, покажаа денес официјалните податоци во Берлин.

Трошоците за живот минатиот месец пораснаа на 1,2 проценти на годишно ниво, по растот од 1,3 проценти во јануари, соопшти германскиот Завод за статистика, пренeсува агенцијата Франс прес.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој како мерило за инфлацијата го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во февруари забави на еден од 1,2 проценти од јануари.

ЕЦБ смета дека постои ценовна стабилност кога индексот е блиску, но под два проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП