19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрик прашања на интервју за работа

Трик прашања на интервју за работа

B

Новиот тренд меѓу работодавците е да ги соочат кандидатите за работа со збунувачки, изненадувачки, и бизарни прашања. Оние кои се чудат најмалку, поминуваат.

Добро сте подготвени за интервју за работа, облековте најдобра гардероба, биографијата и молбата ги направивте до совршенство. Но, за да ја добиете работата што ја барате, мора да бидете подготвени брзо да изберете кој тип на диносаурус сакате да бидете. Тоа може да биде од суштинско значење, доколку аплицирате за работа во финансискиот сектор.

 

Овој метод е наречен “екстремен пристап” на интервју, и вклучува прашања од типот: “Ако сте диносаурус, кој вид сакате да бидете?”

Поентата не е во одговорот што ќе го дадете, туку во реакцијата на самото прашање. Сепак, не е сеедно што ќе одговорите. Ако се изјасните за Тираносаурус, слаби ви се шансите за работа, затоа што тоа ќе ве опише како човек што ги уништува послабите.

 

Тактиката со диносаурусите е нов омилен трик на работодавачите, поради тоа што открива како кандидатот реагира кога е соочен со бизарно прашање. На тој начин се прави разлика помеѓу прифатливи и исклучителни кандидати. Оваа техника за интервјуирање наводно е смислена во Силиконската долина. Тука е и Google, кој практикува да ги тестира кандидатите на интервју со прашања на 50 страници. Еве еден пример за едно од прашањата: “На пуст остров сте. Имате 60 секунди да ги изберете луѓето со десет занимања, кои највеќе ќе ви го олеснат животот. Кого би одбрале?”

 

Производителите на компјутери Hewlett-Packard имаат вакво прашање: “Ако мора да докажете дека Германците се највисоките луѓе на светот, како ќе го направите тоа?” Одговорот лежи во германската химна и првиот стих “Deutschland Deutschland uber alles.”

Еден од првите кои ги применувал овие методи беше ко-сопственикот на Apple, Стив Џобс, кој, очигледно, знаеше од чиста мира пред кандидатите да имитира пиле и да мафта со рацете како со крила, за да ги набљудува нивните реакции.

Лондонскиот ловец на таленти David Moyle, беше застапник на овој пристап. “Така им даваме на кандидатите шанса да ја покажат својата личност, а не само да одговорат на клише прашања.

 

Во прилог ви претставуваме неколку збунувачки прашања со кои може да се сретнете на интервју за работа:

Наведете три песни од Lady Gaga.

Како со помош на песочен часовник од 4 минути и песочен часовник од 7 минути, ќе измерите точно девет минути, а процесот да не трае подолго од девет минути?

На скала од 1-10, колку сте чудни?

Кој ТВ карактер е сличен на тебе?

Дали вие издишувате топол воздух?

Дали сте фасциниран од животот?

Што чистите најпрво: собата, бирото или автомобилот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП