25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена финансиската поддршка од Шведска за Западен Балкан

Зголемена финансиската поддршка од Шведска за Западен Балкан

stokholm

Во периодот од 2014 до 2020 година средствата што Шведска ќе ги издвои за меѓународна соработка и финансиска поддршка на земјите во Источна Европа, Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, и Турција, ќе изнесуваат околу осум милијарди круни (околу 900 милиони евра), јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа, според денеска објавеното соопштение на Министерството за надворешни работи на Шведска, е нешто повеќе од обемот на средставата за истата намена во претходниот период.

– Важно е Шведска да продолжи со својата долгорочна одговорност за поддршка на земји кои сакаат да се развиваат во насока на слободни и демократски пазарни економии, вели шведската министерка за меѓународна соработка Хилеви Енгстром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП