1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбнова на 13 мостови долж Коридорот 10

Обнова на 13 мостови долж Коридорот 10

mostovi400

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе ја посети локацијата каде се во тек активности за реализација на проектот за рехабилитација на мостови на патниот правец Велес – Скопје на Коридорот 10.

Се спроведуваат активности предвидени со третата фаза од проектот, што почна во ноември лани. Се очекува до септември следната година да бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра.

Претходно, со реализација на првата и втората фаза беа реконструирани 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри, за кои инвестицијата изнесуваше 22.500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП