1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци: Европскиот договор за стабилност е договор на глупоста

Ренци: Европскиот договор за стабилност е договор на глупоста

matteo-renzi

Најмладиот премиер во Европската унија, шефот на италијанската Влада Матео Ренци, европскиот договор за стабилност го нарече „договор на глупоста“ и најави дека ќе работи на растот на потрошувачката во Италија.

– Луѓето не можат да трошат пари заради договорот за стабилност, што е договор на глупоста, изјави Ренци во програмата на италијанската телевизија РАИ Уно.

Пактот за стабилност, договорен меѓу земјите од еврозоната, е фокусиран против буџетските отстапувања и наметнува очекувања за буџет што нема да надминува дефицит од три проценти од БДП.

– Јас сум премиер на земја која ги почитува своите обврски, преземени заедно со Европа, но има една уште поголема обврска – повикот на Европа, која не треба да биде целина на бездушни технократи, рече Ренци.

Ренци веќе ги соопшти мерките за зголемување на растот на италијанската економија, меѓу кои е и намалување на даноците на платите за 10 милиони Италијанци. Тој предвидува заштеди со тоа што ќе го намали бројот на пратеници, место да ги намалува пратеничките плати или со „земање на 500 милиони евра“ од платите на претседателите на италијанските државни компании, што се повисоки од просечните на првите луѓе на корпорациите во Германија и Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП