Италијанскиот производител на жестоки пијалоци „Campari“ ја презема контролата над канадската компанија „Forty Creek“ која е сопственик на најпродаваниот бренд на виски на канадскиот пазар.
„Campari“ на тој начин стекна сопственост над дестилеријата, производните капацитети и местото за дегустација, а трансакцијата е вредна 185,6 милиони канадски долари (120,5 милиони евра).
Операцијата би требало да биде завршена во јуни оваа година.
„Forty Creek“ освен виски произведува и продава и вотка, рум и ликери, а во минатата година неговите приходи изнесуваа нешто повеќе од 22 милиони евра. За тековната година оваа групација се надева на рaст на приходите од 15,6 проценти.
Благодарениe на оваа трансакција, „Campari“ својот асортиман го збогати со луксузен бренд и сега ќе биде во позиција да креира сопствена мрежа за дистрибуција во Канада.
„Campari“ минатата година оствари 1,52 милијарди евра приходи, и покрај неповолните девизни курсеви и силниот пад на активностите (за шест проценти) во Австралија и Германија. Нето профитот изнесуваше 149,8 милиони евра.