1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHerbalife е пирамидална измама

Herbalife е пирамидална измама

herbalife13

Федералната трговска комисија во САД врз основа на обвинението за пирамидална измама, започна истрага за работењето на произведувачот на здрава храна за слабеење „Herbalife“.

Откако оваа вест беше објавена, акциите на „Herbalife“ забележаа пад од 16 проценти, но потоа повторно пораснаа и нивниот вкупен пад на крајот од вчерашниот ден на тргување беше 7 проценти.

Ова е објавено откако инвеститорот, директорот на компанијата „Pershing Square Capital Management“, Бил Акмен тврдел дека компанијата која се занимава со производство на суплементи за контрола на тежината – „Herbalife“ е пирамидална измама.

Се вели дека оваа компанија работи така што ги ангажира, помеѓу останатото, корисниците на своите производи како продавачи, кои во тоа гледаат добра можност за заработка и можност самите на себе да си бидат газди.

Оние кои во работењето воведуваат свои луѓе, кои сами ги наоѓаат, обично прво нудејќи им со тоа да ги отплатат производите кои ги користат, имаат и процент од нивната заработка, а кога овие луѓе ќе доведат свои, тие стануваат и нивни супервизори. Така, според инвеститорот Бил Акмен, се создава пирамидална шема од која еден човек, кој е на врвот, може многу добро да живее, но останатите немаат секогаш ваква благосостојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП