2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупувачите калкулираат дали да го намалат откупот на тутунот

Откупувачите калкулираат дали да го намалат откупот на тутунот

tutunari

Откупните претпријатија размислуваат да откупат помала количина од годинашната реколта тутун. Ова го предочиле на денешниот координативен состанок министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов и претставниците на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители.

Причина за евентуалното редуцирање на планираните количини за откуп, објасниле, е резултат на условите и пазарните поместувања.

Како што соопшти Министерството за земјоделство (МЗШВ), Димовски, Коњановски и Стаменов од откупувачите побарале да достават податоци за количините ориентален тутун од реколтата 2014 година што планираат да ги преземат. Побарале и да не се намалува бројот на кооперанти со кои ќе се склучуваат договори за откуп, но да се изврши корегирање на количините произведен тутун што беше прифатено од двете страни, и од производителите и од откупувачите, со цел стабилно производство во количини кои реално може да се откупат.

Откупните претпријатија на состанокот истакнале дека во моментот на склучување договори ќе внимаваат на правилната манипулација со тутунот и неговиот квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП