3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип панел дискусија кои кадри и се потребни на индустријата

Во Штип панел дискусија кои кадри и се потребни на индустријата

meeting4ew6g4

– Министерството за труд и социјална политика, Центарот за стручно образование, работодавачите од Штип и регионот и директорите на средните стручни училишта денеска почнаа со панел дискусиите за да се утврди кои се дефицитарни кадри и со кои занимања младите ќе можат полесно да дојадат до вработување.

Бранко Лазаревски од Министерството за труд и социјална политика појасни дека во тек се анкети и панел дискусии, по што ќе ги имаат и првичните резултати.

– Откако ќе ги имаме првите резултати ќе можеме да изготвиме и стратегија за мотивација за младите да се насочат во таа насока. Ова се првичните анализи, кои ги работиме со Центарот за средно стручно образование и Британскиот совет, Канцеларијата во Скопје и во моментов имаме пилотирање на методологијата, која што ја изготвуваме, изјави Лазаревски.

Претходно, додаде, имавме полотирање во Пелагонскиот регион, денеска во Штип, а понатаму ваква панел дисускија ќе имаме и во Тетово.

Бранко Алексовски, советник во Центарот за средно стручно образование нагласи дека потребата од одредени стручни кадри е различна во секој регион. Последните анализи кои ги направиле во Пелагонскиот регион, посочи, говорат дека има недостаток од одредени занимања за сервисирање на бела техника, клими и заварувачи.

Тој прецизира дека во Прилеп на прсти можат да се набројат сервисери на клими или на бела техника.

Во Штип, според бизнис секторот, најголем проблем и дефицитирен кадар се текстилните работници. Директорката на средното текстилно училиште, Цветанка Красиќ вели дека овој тренд на намалување на бројот на ученици не е само во Штип, туку и во другите градови во регионот.

Според неа, дел од проблемот ќе се реши со мотивацијата на учениците, односно обезбедување на стипендии од страна на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев за оние ученици кои ќе се запишат во оваа училиште.

Анализите на директорот на средното електро-машинско училиште Коле Нехтенин, Атанас Крстовски, пак, покажуваат дека во последните неколку години се зголемува бројот на ученици и оти најголем интерес има за информатиката која се применува и во електро и во машинската струка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП