26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer предвидува раст на приходите од осум проценти

Bayer предвидува раст на приходите од осум проценти

bayer algeta

Најголемата германска фармацевтска компанија „Bayer“ предвидува дека до 2016 година ќе оствари просечна годишна стапка на раст на приходите од продажбата на лекови од осум проценти, благодарение на новите производи.

Продажбата на пет главни лекови од овој производител, во областа на хематологијата, офталмологијата, онкологијата, како и лекувањето на пулмонална хипертензија, во тековната година ќе изнесува 2,8 милијариди евра, во однос на 1,5 милијарди во 2013 година, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Ројтерс.

Благодарение на амбициозните програми за развој на нови производи, акциите на „Bayer“ скокнaа за 20 проценти во последните 12 месеци, што е повеќе од индексот на раст во оваа индустрија на европско ниво (17 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП