27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСковин ги подмири обврските кон лозарите

Сковин ги подмири обврските кон лозарите

grozje

Заклучно со 12-ти март годинава, винарската визба Сковин ги подмири сите обврски кон своите добавувачи на гројзе, индивидуалните лозари и компаниите. Сковин соопшти дека останува доследен на својата деловна политика за регулирање на преземените обврски и запазување на временските рокови кон деловните соработници и кооперантите.

Визбата годинава обработи 18,5 милиони килограми грозје од ралични добавувачи од целата територија на Република Македонија, а дел се добиени од сопствените лозови насади застапени на 600 хектари земјиште во Скопското и Тиквешкото виногорје. И оваа година, како и претходните, Сковин ги почитуваше препораките на Владата во врска со цените на исплата на грозјето, а воедно и роковите на исплата на лозарите, па навремено и соодветно на законот го исплати откупеното грозје.

Сковин наведува дека вложува постојани напори за освојување нови пазари и зголемување на извозот. Во оваа насока потпиша Договор за дистрибуција на своите вина со партнер од БиХ каде се очекува пласман на повеќе од 500 илјади литри вино годишно.

Покрај отварање на пазарот на БиХ, се истражуваат и се планираат вложувања и на пазарите во Албанија, Русија и Кина за кои веќе постојат и иницијални разговори со компании заинтересирани за вината на Сковин.

Неодамна винаријата го отвори својот прв винарски подрум. Со неговото финализирање почна процесот на интезивно вложување во винскиот туризам во Република Македонија и афирмирање нови можности и потенцијали на градот Скопје како туристичка дестинација.

Сковин е најголемата винарија во Скопје и неговата блиска околина, што го прави подрумот исклучително погоден за организирани вински дегустации со вклучена посета на самата

Винарија со помош и совети од професионални енолози и сомелиери, како и различен вид на бизнис и друг вид на настани за сите посетители на нашиот главен град.

Визбата информира дека годинава ќе продолжи со постојаниот процес на подобрување на квалитетот на своите производи преку вложување во нови технологии, дабови буриња за винарскиот подрум, процесна технологија и опрема за полнење. Целта е Сковин да стане голем македонски производител на квалитетни вина достапни за сите категории купувачи на домашниот и на странските пазари. Потврда на оваа тендеција се најновите награди во конкуренција од 130 вина од четири земји во регионот што ги добија вината Шардоне, Вранец Марков Манастир и Скупи Куве во рамки на престижната манифестација за дегустација и оценувања вина „Гаст“, која традиционално, секоја година, се одржува во Сплит, Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП